Габриел Хесус имаше извонреден старт на кариерата во Манчестер сити постигнувајќи три гола на првите две средби за „граѓаните“, но третиот меч се покажа кобен за бразилскиот голгетер. Имено, Хесус настрада на самиот почеток од синоќешниот дуел со Бурнемаут, а првичните информации кои доаѓаат од Англија говорат дека повредата на стапалото е многу сериозна.
Имено, англиските медиуми откриваат дека лекарските прегледи покажале скршеница на метатарсалната коска, по што сега го очекува подолга пауза од терените. „Граѓаните“ се уште не се јавуваат со официјално соопштение, паузата според првичните информации ќе изнесува најмалку два месеци, а голем број од медиумите објавија дека Хесус нема да може да се врати на терените до крајот на сезонава.
Во ваква ситуација, Гвардиола е принуден повторно да му даде шанса на Серхио Агуеро, кој се пресели на клупата на последните неколку средби.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА