Голем удар за Црвена звезда: Теодосиќ нема да игра против Олимпијакос

Плејмејкерот на Црвена звезда, Милош Теодосиќ нема да игра против Олимпијакос. Вечерва од 20.30 часот кошаркарите на Црвена звезда ќе го пречекаат Олимпијакос во белградска Арена.

Звезда е во потрага по осмата победа во Евролигата, додека Олимпијакос бара поправен по поразот од Париз пред своите гледачи во минатото коло.

Белградските црвено-бели ќе бидат ослабени, бидејќи нема да игра Милош Теодосиќ, а покрај него, го нема повредениот Џоел Боломбој, како и новото засилување Џон Браун, а Филип Петрушев поради договор за позајмица нема право на настап против Олимпијакос.

Се вчитува...