Кадетскиот репрезентативец Лука Стојчев, член на ППК Шампин ФА, постигна голем успех на меѓународниот европски пинг-понгарски камп во Унгарија за играчи родени од 2007 до 2010 година. Во натпреварите кои се одржаа во рамките на пинг-понгарскиот камп, Лука го освои одличното 9. место, во конкуренција на најсилните играчи од Европа.
Лука во групната фаза оствари пет победи и два порази, додека во групата за пласман од деветто до дванаесетто место беше најдобар.
На кампот во Унгарија учествуваа и Сара Стојановска и Алексндар Јакимовски, и двајцата од ППК Крива Паланка. Јакимовски се пласира на 29. место, додека Сара го освои 18. место.
Екипата кадетски репрезентативци ја предводеше Сашко Богатинов, пораншен државен првак и истакнат пинг-понгарски работник, член на ППК Шампион ФА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА