Македонската репрезентација во традиционално карате постигна голем успех на Европскиот шампионат во Римини, Италија освојуваќи 5 златни, 7 сребрени и 3 бронзени медали.
Во сениорска конкуренција Аљоша Недев освои прво место во кати и второ место во фукуго, Јадранка Недева освои прво место во фукуго и трето место во кати.
Во младинска конкуренција Мила Саздова и Димитри Влахо освоија први место во енбу, Мила Саздова освои второ место во кати и второ место во фукуго, ката-тимот во состав Мила Саздова, Мила Младеновска и Марта Димковска освоија второ место.
Во категоријата деца 8-9 години Филип Недев освои прво место во кати и второ место во кихон, Камелија Недев во категорија деца 10-11 години освои второ место во кати и второ место во кихон. Марта Димковска во категорија деца 12-13 години освои трето место во кихон.
Кај деца 6-7 години во кати прво место освои Максим Поп Трпев, второ место Масимо Меле и трето место Марко Илиевски. Софија Јарчевска и Матеј Мангаровски освоија четврти места во џиу ипон кумите и кихон.
Европското првество се одржа од 21. до 23. октомври со учество на над 500 натпреварувачи од 22 земји.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА