Србија од 2023 година ќе има двајца претставници во Лигата на шампионите. Но, тоа не е се. Шампионот ќе оди директно во групната фаза, додека вторпласираниот тим ќе го бара патот до групите во квалификациите, и ќе тргне од второто коло.
Исто така Србија ќе има барем уште еден сигурен учесник во Европа, со оглед дека победникот од Купот ќе игра во плеј-офот во Лигата на Европа, а тоа значи дека и при пораз, тимот ќе обезбеди учество во групите во Лигата на конференции.
Исто така за Лигата на конференции ќе се бори и третопласираниот во лигата, и ќе стартува од 3. коло квалификации, додека четвртопласираниот тим ќе тргне од 2. коло.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА