Голем ужас ја засени победата на Вон во Австрија

Трката по спуст кај дамите во австриски Заухенсе беше прекината по тешкиот пад на домашната натпреварувачка Магдалена Егер (24).Со брзина од 109 километри на час, таа се удри во заштитната ограда.

Веднаш по падот, на нејзиното лице се појави грч и болна гримаса, во публиката владееше тишина, меѓу колегите шок и загриженост за нејзината состојба. Поради сериозноста на ситуацијата, беше ангажиран хеликоптер за да ја транспортира повредената скијачка во болница.

Медицинскиот тим што побрзо стигна до Австријката, но беше јасно дека не може сама да стои. Набрзо, беше повикан хеликоптер, кој слета директно на патеката, а Егер, цело време под надзор на двајца членови на спасувачката екипа, беше транспортиран во најблиската болница за понатамошни тестови.

Инаку до победата на спустот стигна Линдзи Вон.

Се вчитува...