Бутел славеше во дербито на првото суперлигашко коло против екипата на Охрид, со минимални 24-23 за скопскиот клуб во пресметката со незгодниот ривал.
Очекувано, цврстите одбрани беа заштитен знак на двата тима, но во клучните моменти подобра игра прикажаа домашните ракометари. Бутел беше подобар противник во првото полувреме, имаше водство од 5-3 и од 8-5, но охриѓани успеаја да се вратат и на одмор се замина со минимално водство на домаќините од 11-10.
Охрабрени од подобриот финиш на првиот дел, гостите беа далеку подобар ривал и на стартот од второто полувреме, поведувајќи со убедливи 15-19. И тоа се покажа како недоволно за триумф бидејќи Бутел се врати со серија од 4-0, а потоа во неизвесна завршница стигна и до триумф. Мајиќ го постигна клучниот гол од крило за 24-23, по што охриѓани во финишот успеаја само да намалат од пенал, но не и да избегнат пораз на овој суперинтересен натпревар.
Ѓеорѓиевски со осум и Мајиќ со седум гола го предводеа Бутел до овој триумф, додека Бојаниќ со девет погодоци беше прв стрелец на Охрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА