Ландо Норис продолжи со серијата одлични настапи откако успеа да триумфира на денешната трка за ГН на Унгарија, намалувајќи го заостанувањето во генералниот пласман во однос на тимскиот колега Пјастри. Трките на „Хунгароринг“ вообичаено не изобилуваат со возбудувањата, така беше и овојпат, а најинтересно беше во самиот финиш, кога можевме да проследиме битка на двајцата возачи на Мекларен. Пјастри имаше два опасни обида да го мине Норис во последните три круга, но Британецот го издржа притисокот, на крајот заслужено стигнувајќи до петтата победа сезонава, вкупно деветта во кариерата.
Шарл Леклер, кој ја имаше пол-позицијата на стартот од трката повторно имаше проблеми со болидот, но и со тимската стратегија на Ферари, па на крајот мораше да се задоволи со четвртото место, зад Џорџ Расел од кого беше минат на пет круга до крајот на трката.
Зад Леклер се најде ветеранот Фернандо Алонсо, кој го освои петтото место откако поради болест пропушти голем дел од тренинзите за оваа трка.
Светскиот првак Макс Ферстапен на крајот го освои само деветтото место, а уште една разочарувачка трка извозе Луис Хамилтон, останувајќи без бодови по освојувањето на 12. позиција на „Хунгароринг“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

