Долгогодишната македонска ракометна репрезентативка, Индира Кастратовиќ, ќе биде вклучена во ракометната „Куќа на славните“ на ЕХФ, објави денеска европската куќа на ракометот, обелоденувајќи ја листата на најнови лауреати кои ќе бидат дел од ова елитно друштво.
Кастратовиќ најдобрите ракометни денови ги мина токму во Македонија, предводејќи го Кометал ЃП до историската титула во Лигата на Шампионите, а имаше и одлични настапи во дресот на нашиот национален тим, блескајќи на СП 1997 кога Македонија стигна до седмото место на мундијалот, а Индира беше најдобар стрелец на шампионатот со 71 постигнат гол.
Таа се наоѓа на листата од 21 нов член на ЕХФ (14 машки и седум женски), кои на денот на финалето на ЕП 2024, на 14 декември на гала-вечера ќе бидат примени во ова одбрано друштво.
Заедно со Кастратовиќ во куќата на славните ќе влезат и легендарните Никола Карабатиќ и Микел Хансен, потоа екс-голманката на Кометал ЃП, Луминица Дину, како и поранешното крило на Вардар, Иван Чупиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА