Голема чест: Круно Симон по стапките на Петар Наумоски (ВИДЕО)

Хрватскиот кошаркар Крунослав Симон по пет години поминати во Ефес ќе ги промени клупските бои, а турскиот гигант како знак за благодарност за двете титули во Евролигата, двете титули во турското првенство, двата Купа и Суперкупа на Турција ќе го повлече дресот со број 44.

Некогашниот кошаркар на Загреб, Уникаха, Локомотив Кубан и Олимпија Милано донесе непроценливо искуство за истанбулскиот состав кој му се заблагодари на пожртвуваноста, борбата и незаборавните моменти.

Со тоа Хрватот ќе стане вториот кошаркар кому му е повлечен дресот од страна на Ефес. Првиот е македонската легенда Петар Наумовски чија „седмица“ беше свечено повлечена во 2017 година.

Се вчитува...