Најдобрата македонска ракометна судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов добија голема доверба од Светската ракометна федерација (ИФХ). Македонскиот пар е делегиран да го свири финалето на Светското првенство во Шведска и Полска во кое ќе се сретнат Франција и Данска.
И покрај скандалот во кој беа поврзани на стартот на шампионатот, откако скандинавски медиуми објавија дека заедно со други светски двојки местеле натпревари, сите тие обвинувања беа демантирани од ИХФ, а одличната работа која ја завршија на овој шампионат ќе ја крунисаат со водење на најважниот натпревар.
Мечот кој ќе се игра во „Теле 2“ арената во Стокхолм и кој ќе го даде новиот светски шампион е со почеток во 21 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА