Далас маверикс денеска на специјална церемонија ја претставија пред јавноста статуата во чест на Дирк Новицки. Најдобриот кошаркар во клупската историја е претставен во својата препознатлива поза (шут од вртење), за потсетување на неговите најдобри изданија во дресот на овој тим, на кој успеа да му донесе и титула во НБА-лигата.
„Ова е извонредно, благодарност до сите кои ме следите мене и кои уживате во спортот. Видете колку многу луѓе се собраа“, задоволно изјави Новицки во видео-порака од настанот.
Loyalty Never Fades Away. @chime // #AllFourOne pic.twitter.com/mKsvlBHywP
— Dallas Mavericks (@dallasmavs) December 25, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

