Резултатската криза на Аугсбург кулминираше со убедливиот пораз од 0-4 на домашен терен од Хофенхајм, по кој претседателот Клаус Хофман се реши за коренити промени. Отказ во текот на денешниот ден му беше врачен на тренерот Мануел Баум, а заедно со него клубот го напушта и помошниот тренер Јенс Леман, како и спортскиот директор Штефан Шварц.
„Во изминатиот перио правевме се што можеме за заеднички да најдеме излез од непосакуваната ситуација. Сепак, последниот меч со Хофенхајм беше најслаб за нашиот тим сезонава, по што стана јасно дека се неопходни промени. Затоа се решивме покрај Баум, да се разделиме и од Шварц и од Леман“ – соопшти првиот човек на Хофенхајм.
За нов тренер на Аугсбург е именуван Мартин Шмит, швајцарскиот стратеге кој има искуство од работата во Бундес-лигата по претходните ангажмани во Мајнц и во Волфсбург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА