После исфрлањето од Европа од Лигата на Конференции, и одземените бодови минатата сезона, Јувентус се решава да прави „чистка“ во соблекувалнат, се со цел тимот да се врати на старите шампионски патеки.
Главна вест во изминатите неколку дена беше дека Јувентус го „прецрта“ капитенот Леонардо Бонучи, и нема да смета на него во иднина. Бонучи најави пензионирање во 2024 година, но тоа како да не ги интересираше челниците на торинскиот клуб, кои се решија да се откажат од својот капитен и да не сметаат на него. Така тој може да ја продолжи кариерата во друг клуб.
Следниот на листа кој ќе си замине од Јувентус е Вестон МекКени. Младиот фудбалер од средниот ред одработи неуспешна сезона на позајмица во Лидс, кој испадна од Премиерлигата, па така сега Американецот може да си бара нов клуб.
После него следуваат и Артур Мело, кој ќе го напушти клубот заедно со Денис Закарија. Двајцата минатата сезона беа позајмени во Ливерпул, односно во Челси, но не се прославија.
Исто така Јувентус ќе продаде добар дел од своите играчи ова лето. Се очекува заминување и на Душан Влаховиќ кој е пред трансфер во ПСЖ, на Пол Погба за кого има интерес од Саудиска Арабија, а може да замине уште некој ако „Старата дама“ добие добра понуда. Претходно Јуве ја потврди разделбата со Хуан Квардадо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

