Лео Меси повторно ја покажува хуманата страна. 32 од планираните 50 респиратири, пристигнаа во неговиот роден Розаро. Ѕвездата на Барселона и на Аргентина донираше значачјна помош за борбата против COVID-19.
Пандемијата на коронавирусот има голем замав во САД и во останатиот дел од Америка, Аргентина не е меѓу земјите во кои ситиацијата е драматична, но Меси веќе вторпат обезбедува донација за помош на здравствениот систем во неговата земја. Во болниците во Аргнетина недостасуваат респиратори за најкритично заболените.
Ова е втора донација на Лео Меси во борбата на неговата земја со проблематичниот вирус. Во мај тој донираше респиратори, пупми за инфузија и монитори кои преку болница во Буенос Аирес беа дистрибуирани во останатите делови од земјата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

