Далас Маверикс со драматична победа на домашен терен над Оклахома 117:116, со вкупни 4:2 го доби финалето на Западната конференција од НБА плеј-офот. Таму го чека победникот меѓу Денвер и Минесота, кои во среда го играат решавачкиот, седми натпревар.
Се чинеше дека и овој дуел ќе оди кај мајсторката, бидејќи Тандерс во третата четвртина имаа огромни 17 поени предност пред Маверикс, но Далас триумфираше со голем пресврт и вистинска драма на крајот. Лука Дончиќ постигна 29 поени со 10 скока и асистенција за трет последователен трипл-дабл во плеј-офот, но херојот на Далас е момчето кое во последната четвртина влезе без поен.
Холмгрин (21 поен) на додавање од Александер (36 поени, 8 асистенции) на 20 секунди пред крајот реализираше за водство на Оклахома од 116:115. Потоа Дончиќ го предводеше последниот напад на Далас и продре до кошот, а потоа му асистираше на Пи-Џеј Вашингтон. Момчето кое во последната четвртина влезе без поен, а потоа при обид за тројка го „излета“ Александер, и промаши обид за три, меѓутоа судиите досудија прекршок.
Оклахома ја оспори одлуката и побара прегледување на снимката. Сепак, таа покажа дека Александер имал контакт со Вашингтон, и така на 2,5 секунди до крајот Далас имаше три слободни фрлања, од кои реализираше две, а третото намерно го промаши. Во последниот напад Оклахома се обиде преку Вилијамс од далечина, но не успеа.
Ова е голема победа на Далас, со оглед дека како петтопласирани го елиминираа најдобриот тим на Западот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА