Огромна драма во Удине со поделба на бодовите, и продолжување на неизвеноста околу опстанокот до последнот коло во Серија „А“.
Емполи имаше водство по досуден пенал и глупоста на Самарџиќ во 90. минута од средбата. Нианг го претврои во гол, а Удинезе доби пенал во 99. минута од средбата, и покрај тоа што имаше само пет минути продолжение.
Орсато покажа на белата точка после прегледување на ВАР снимката, а исгурен реализатор беше Самарџиќ кој погоди и успеа да донесе златен бод за својот тим. Следното коло тимот од Удине гостува кај Фросиноне. И двата тима ќе се борат за опстанокот, а Фросиноне е во подобра позиција затоа што му треба само бод, после денешната победа над Монца.
После овие резултати и дефинитивно е јасно дека Сасуоло испаѓа, откако денеска на домашен терен беше поразен од Каљари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА