Голема еколошка акција во Велес – MOZZART ја поддржи кампањата „ИСЧИСТИ ЈА ПЛАНИНАТА – МАКЕДОНИЈА“

Извидничките одреди по повод Денот на пролетта спроведуваат заедничка акција за чистење на дивите депонии ширум земјата

Зачувување на животната средина и борба за поубава и почиста заедница – тоа е заедничката порака на компанијата Mozzart и Извидничкиот одред Димитар Влахов од Велес. Во рамките на големата еко-акција во овој град, уреден е просторот и делот покрај коритото на реката Вардар, во месноста Дворови во паркот пред Економското училиште.

Кампањата е подигната на национално ниво и се вика ИСЧИСТИ ЈА ПЛАНИНАТА – МАКЕДОНИЈА“, а 21 извиднички одред на тој ден спроведуваат заедничка акција за чистење на дивите депонии по повод Денот на пролетта!

Сакаме да се заблагодариме до компанијата Mozzart што ја поддржаа оваа еко – акција како општествено одговорна компанија и која што во целост се вклучи во реализација на истата” истакна Ангелче Гушев, претставник на Извидничкиот Одред Димитар Влахов од Велес.

Од регионалниот лидер во приредување игри на среќа порачуваат дека со задоволство ги поддржаа овие љубители на природата, кои преку низа еколошки акции сакаат да ја подигнат свеста за зачувување на животната средина.

Овој одред го поддржавме за време на кризата предизвикана од пандемијата, кога дониравме финансиски средства за одржување на школата за извидници. Сметаме дека е многу важно да се обединиме во оваа борба и што почесто да организираме различни акции ширум земјата. Ние ќе продолжиме со донација на биоразградливи торби на пазарите, но и да ја поддржуваме секоја иницијатива за почиста животна средина”, нагласи Мики Златески, менаџер за корпоративни процеси во Mozzart.

 

Се вчитува...