Фудбалерите на Летонија и Андора ремизираа (2-2) во Рига во натпреварот од квалификациската група К за Светското првенство во 2026 година.
Гостите од Пиринеите стигнаа до првиот бод во овој квалификациски циклус на необичен начин.
А, најпрво Андора поведе кога Сан Николас погоди во 33-тата минута. Летонија успеа да направи пресврт со головите на Зеленковс во 41. минута и Гутковскис во 55. минута од пенал, но не и да триумфира.
Андорците ремизираа со гол благодарение и на киксот на домашнио голман, кој ја пропушти топката да му помине низ нозете по ударот со глава на Оливеира во 78. минута.
— OvoOno (@OvoOnoX) October 11, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

