Голема грешка на Бањаја, Квартараро е нов шампион, Роси последен пат пред својата публика

Фабио Квартараро е нов шампион во Мото ГП, откако на трката за големата награда на Емилија Ромања, неговиот единствен конкурент за титулата Франческо Бањаја кој беше лидер на пет круга до крајот направи голема грешка и не ја заврши трката.

На крајот до победа стигна Шпанецот, Марк Маркез на Хонда, пред својот клупски колега Пол Еспаргаро. Третото место му припадна на Енио Бастијанини, а новиот шампион во Мото ГП, Фабио Квартараро заврши како четврти. .

Легендарниот Валентино Роси својата последна трка пред домашната публика ја заврши на десеттата позиција.

 

Се вчитува...