Најдобрата алпска скијачка на сите времиња, Микаела Шифрин стигна до својата прва победа сезонава во Светскиот куп во алпско скијање откако славеше на вториот слалом кој се возеше во финскиот ски-центар Леви.
Американката до победата стигна со вкупно време од 1:51.68 минута, што беше за 18 стотинки подобро од второпласираната Хрватка, Лена Поповиќ. Подиумот го надополни Германката Лена Дир која доцнеше триесет стоти делови од секундата зад победничкото време.
Трагичар на денешната трка е Петра Влхова која по вчерашната доминантна победа, беше убедливо најдобра и по првата трка, но направи голема грешка во второто возење по која не успеа да ја заврши трката.
Најдобрите алпски скијачки се селат во Соединетите американски држави каде на 1, 2 и 3 декември ќе се возат две трки во спуст и една во супервелеслалом.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА