Голема конкуренција за потписот на Семењо: И Челси се вклучува во трката

Челси е новиот клуб кој влезе во трката за потписот на играчот на Борнмут, Антоан Семењо. Лондоначни наводно испратиле барање до неговиот клуб под какви услови би можеле да го потпишат уште во јануарскиот проден рок, тврди „Атлетик“.

Плановите на „сините“ е следното лето да донесат нов напаѓач, но можно е стратегијата да се промени со оглед дека битката за неговиот потпис е жестока. За него се интересираат Ливерпул, двата клубови од Манчестер, но и Тотенхем.

Борнмут бара за Семењо 70 милиони фунти, но тој наводно има клаузула во договорот која предвидува 65 милиони фунти на зима. Клаузулата мора да се активира на одреден датум, за да може Борнмут да најде негова замена при евентуално заминување.

Семењо игра во супер форма, и сезонава постигна осум гола и три асистенции во 16 меча во Премиер-лигата.

Тренерот на Борнмут, Андони Ирало кажа дека не сака да го загуби Семењо, и дека сака да го задржи но тоа ќе биде тешко со оглед на интересот.

Се вчитува...