Серхио Перез е победникот на Големата награда на Сингапур. Мексиканецот стартуваше од втората позиција, но веќе во првиот свиок успеа да го престигне Шарл Леклер, а до крајот на трката да го задржи водечкото место.
Поради обилен дожд трката започна час подоцна од предвиденото, а на влажната стаза во азиската државата на прсти се броеја болидите кои не излетаа.
На втората позиција заврши Леклер, а на пиедесталот имаше место и за Саинз. Двоецот на Мекларен, Норис и Рикардо завршија на четврттото и петтото место, а шестото место му припадна на Строл.
Макс Ферстапен кој во квалификациите се соочи со голем пропуст на тимот и остана без гориво ја започна трката од 8. позиција на табелата, но имаше катастрофален старт па мораше од 13. место да брка што подобар пласман. Холанѓанецот стигна до 4. позиција, но во обидот да го престигне Норис заврши надвор од стазата па мораше да се задоволи само со напредок од едно место.
Бодови освоија уште Фетел, Хамилтон и Гасли.
Perez ganooooooooó
What a drive from Checo! 🏆#SingaporeGP #F1 pic.twitter.com/0YiF9SXwlJ
— Formula 1 (@F1) October 2, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА