Голема победа на Евролигата: Барселона останува во ова натпреварување уште 10 години

Во тек е собирот на клубовите од Евролигата во Барселона. Станува збор за многу важна средба на клубовите-сопственици на елитното континентално натпреварување, можеби дури и за опстанок поради претстојниот наплив на НБА во Европа.

Се уште не е готово, не се знае што ќе одлучат Реал Мадрид и Фенербахче, но се знае каква е одлуката на Барселона – каталонскиот клуб потпиша 10-годишна лиценца со Евролигата.

„Барселона ги информираше останатите клубови-сопственици на Евролигата дека одлучиле да потпишат лиценца на 10 години. Се проценува дека постапката ќе биде завршена до крајот на месецот по формалната одлука на Извршниот одбор на Барселона“, објави грчкиот новинар Арис Баркас.

Се вчитува...