Голема победа на Хрватска во балканското ватерполо-дерби против Црна Гора

Ватерполистите на Хрватска запишаа повеќе од значајна победа против Црна Гора од 13-8 (1-1,6-4,4-3,2-0), во 3. коло од Групата Б на ватерполо турнирот на ЛОИ 2020.

По претходниот пораз од Австралија, за Хрватите ова беше повеќе од значаен меч па така и пристапија со максимална борба заслужено до триумфот.

Црногорците, пак, остануваат само на една победа и два порази, со што значително ги намалија шансите за место во четвртфиналето на турнирот.

Се вчитува...