Кошаркарите на Олимпија Милано стигнаа до злато вредна победа откако славеа на гостувањето кај Фенербахче во Истанбул со 75-82 во заостанатиот натпревар од 24. коло во Евролигата.
Гостите подобро го отворија натпреварот и по десет минути играа имаа плус пет (18-23). Во вториот период домашниот тим заигра далеку подобро, па на пауза замина со негатива од само два поени (35-37).
Клучниот момент се случи во третиот период во кој избраниците на Еторе Месина одиграа на врвно ниво и по триесет минути игра имаа плус девет (42-51). До крајот успеаја да ја задржат предноста и да стигнат до голем триумф во борбата за топ 8.
Напие со 26 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените недоволни беа 22 поени на Мотли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА