Голема победа на Пелистер во борбата за плеј-оф во АБА 2

Македонскиот кошаркарски прволигаш Пелистер стигна до голем триумф во АБА 2 лигата откако во првиот натпревар од денешната програма во „балонот“ кој се игра во Нови Сад славеа со директниот ривал за плеј-оф Хелиос Домжале со 83-81.

Првата четвртина помина во израмнета игра на двете страни во која за нијанса подобри беа словенците кои по десет минути пауза имаа плус два (24-26). Избраниците на Радуловиќ одиграа неверојатно во одбраната во вториот период, па на пауза успеаја да заминат со предност од седум поени (44-37).

Домжале повторно одигра одлично во третиот период каде стигна да ја анулира скоро целата предност на битолчани и во последните десет минути да влезе со негатива од само еден поен (64-63). Натпреварот влезе во неизвесна завршница во која подобро се снајдоа зелено-белите за конечен триумф од 83-81. Стефан Мијовиќ со 18 пени беше прво име кај  победникот, додека кај поразените Блаж Махковиќ постигна 21 поен.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...