Голема победа на Вардар во скопската пресметка, Шкендија ремизираше со Брера, триумф за Шкупи, Струга ТЛ и Силекс (ВИДЕО)

Вардар дојде до повеќе од значајни три бода во битката за опстанок триумфирајќи со 0-1 во скопската пресметка од 11. коло во ПМФЛ против Работнички. Шкупи дојде до победа од 1-0 против Брегалница, а важен триумф на гостувањето против Македонија ЃП запиша и Струга ТЛ. Силекс со гол во 80. минута на Марјан Ристовски го победи Тиквеш. Шкендија и АП Брера одигра интересен натпревар во Тетово кој заврши без победник.

На стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, црвено-црните до триумфот дојдоа со голот на капитенот Дарко Мицевски од пенал во 76. минута.

На дуелот кој се одигра во Куманово, поради реновирањето на стадионот во Чаир, Шкупи тримфираше со 1-0 против Брегалница со голот уште во 4. минута на Дарко Илиески.

Илиески, ефектно со глава ја затресе мрежата на штипјани, по корнерот од левата страна…

Брегалница во 33. минута не реализираше удар од белата точка. Откако Грузиецот Робакидзе беше соборен во шеснаесетникот на домашните за оправдано покажан пенал за штипјани, „сините“ не успеаја да валоризираат со погодок од 11 метри за израмнување.

Шкендија и АП Брера одиграа без победник (1-1) на дуелот во Тетово. АП Брера поведе со евроголот на Бразилецот Антонио во 75. минута.

Но, веќе во 79. минута Шкендија успеа да израмни со голот на нововлезениот Аденис Шаља.

Стружани, пак, убедливо со 0-2 славеа против Македонија ЃП.

Гостите до предност од 0-1 во Ѓорче Петров дојдоа со убав гол на Жгуро, кој прецизно шутираше од 15 метри откосо…

A, во 43. минута Мазрекај, по асистенцијата на Радески, зголеми и на 2-0 за Струга ТЛ…

Во 81. минута Бесарт Ибраими ги постави конечните 0-3 за Струга ТЛ.

Во Кратово, пак, Марјан Ристовски со гол во 80.минута донесе повеќе од важна победа за Силекс од 1-0 против Тиквеш.

Гостивар и Воска Спорт одиграа без победник (1-1) на дуелот во Гостивар на кој гостите поведоа со голот на Марушиќ во 65. минута, а домашните израмнија со погодокот на Алпер Потук во првата минута од судиското продолжение.

ПМФЛ – 11. коло
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР 0-1
Мицевски 76′ (п)
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА ТЛ 0-3
Жгуро 8′, Мазрекај 43′, Ибраими 81′
Куманово: ШКУПИ – БРЕГАЛНИЦА 1-0
Илиески 4′
Гостивар: ГОСТИВАР – ВОСКА 1-1
Потук 90’+1 – Марушиќ 65′
Тетово: ШКЕНДИЈА – АП БРЕРА 1-1
Шаља 79′ – Антонио 75′
Кратово: СИЛЕКС – ТИКВЕШ 1-0
Ристовски 80′

Се вчитува...