Македонскиот женски кошаркарски шампион, Баскет Кам успеа да ја анулира негативата од првиот натпревар против Партизан (71-86) и со победа вечерва на домашен терен по продолженија 113-95 да го освои деветото место во регионалната ВАБА лига.
Натпреварот течеше во егал триесет минути што им одговараше на гостите од Белград, но македонскиот шампион со неверојатна последна четвртина успеа прво да го одведе натпреварот во продолженија, каде го дотолчи противникот и со конечни 113-95 стигна до најголемиот успех во историјата на клубот.
Баскет Кам сезонава успеа да ја освои титулата во националниот куп, а до крајот на сезоната следува борбата со Бадел за освојување на лигашката титула.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА