Голема победа за Борусија Дортмунд во Леверкузен, останува надежта за Лига шампиони (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд во последното коло од Бундеслигата ќе брка пласман во Лигата на шампионите следната сезона, откако во денешното претпоследно коло од првенството славеше со 2-4 на гостувањето против Баер Леверкузен.

Голема победа запишаа „милионерите“ која може да ги однесе на крајот и во топ 4 во Бундеслигата.

А, натпреварот почна со предност за Баер откако Фримпонг во 31. минута донесе предност за домашните од 1-0. Но, потоа два гола на Дортмунд во само десет минути за 1-2 на полувремето. Брандт и Рајерсон беа стрелци на головите за „жолтите“.

Во второто полувреме, Адејеми во 73. минута и Гираси во 77. минута веќе донесоа 1-4, за да тимот од Леверкузен преку Хофман во 92. минута само го ублажи поразот за конечни 2-4.

Се вчитува...