Голема победа за Ѓорческа – Експресен триумф против поранешната 59. тенисерка на ВТА

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во полуфиналето на ИТФ фјучрсот во Словачка, откако денеска во четвртфиналето, лесно со 2-0 по сетови 6-3 и 6-2 ја елиминираше искусната романска тенисерка Александра Каданту.

Оваа е одлична победа за нашата најдобра тенисерка, бидејќи Романката во 2014 година беше на одличната 59. позиција на ВТА листата. Таа во полуфиналето ќе игра против Русинката Влада Ковал.

Турнирот во Словачка се игра за награден фонд од 25.000 американски долари.

Се вчитува...