Македонскиот тенисер Калин Ивановски оствари голем триумф на стартот од квалификациите на на Челинџер 125 турнирот во Братислава (наградниот фонд на турнирот е 148625 евра). Тој во два сета со 2-0 (76(4) 76(3)) го совлада Американецот Александар Ковачевиќ кој се наоѓа на 99.то место на АТП листата. Двата сета Ивановски ги доби во тај брејкот, притоа во текот на целиот меч имаше максимална контрола над играта и резултатот, иако за противник имаше тенсер од ТОП 100. Мечот траеше точно 100 минути.
Во првиот сет Американецот Ковачевиќ имаше постојано предност и водство во сетот од причина што прв сервираше. Сетот мина без брејк шанса за некој од тенисерите и се решаваше во тај брејкот. Тогаш на дојдоа моментите на Калин кој веданш направи „мини брејк“ и поведе со 1:0, а потоа со уште еден „мини брејк“ поведе и со 4:1 и водеше со 5:1. При 6:2 на поени Ивановски ја искористи третата сет топка откако две беа на сервис на противникот.
Без брејк шанса изминуваше и вториот сет. Но така беше до 11.тиот гем кога Калин Ивановски успеа да спаси брејк типка и поведе со 6:5 во гемови. Во следниот гем противникот водеше со 40/15, а Ивановски успеа да освои три поени во низа и стигна до брејк и меч топка, но не успеа да ја искористи. Во продолжението на гемот Ковачевиќ имаше дури трипати предност и стигна до 6:6 во гемови и уште еден тај брејк. За разлика од првиот сет, во вториот тај брејк Ивановски направи „мини брејк“ за водство од 4:2 во поени, а вториот „мини брејк“ беше на меч топка што значеше и 7:3 на поени за македонскиот тенисер.
Ивановски мечот го заврши со 8 ас сервиси и 2 двојни сервис грешки, додека противникот имаше 4 аса и 3 двојни сервис грешки. Двајцата тенисери имаа по една брејк топка која не ја искористија, а Ивановски беше поуспешен и во вкупниот број на поени 80:73.
Денешниот ривал на Ивановски, Ковачевиќ беше рангиран како втор носител во квалификациите. Во следното коло (утре) Калин ќе игра со победникот од мечот меѓу Милош Карол од Словачка и Максим Крејси од САД (мечот се игра подоцна попладнево).
Поради повреда Ивановски во 2024 година го имаше отсуство од тениските терени и ова за него е само втор меч во сезонава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА