Репрезентативниот голман на Макеоднија, Никола Митревски заедно со неговиот Порто издвојува значајна победа во португалското првенство откако во дерби мечот го совлада нагости Спортинг Лисабон со 27-33.
Првото полувреме помина во израмнета игра, а на пауза се замина со реми 14-14. Клучната разлика ракометарите на Порто ја направија во вториот дел и на крајот успеаја да стигнат до сигурна победа од 27-33. Митревски имаше 11 интервенции за четириесетина минути на теренот.
Со оваа победа Порто останува со максимален учинок во домашниот шампионат, додека Спортинг го забележа првиот пораз сезонава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА