Поранешниот италијански тенисер Фабио Фоњини упати голема пофалба за Карлос Алкараз кој се радуваше на нов трофеј на првиот грен-слем во сезоната – Австралија Опен.
Фоњини го спореди Шпанецот со најголемите тенисери во историјата – Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер велејќи дека тој е комбинација од тројцата.
„Може ли да се каже дека Карлитос Алкараз е мешавина од Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер?“ – прашува италијанскиот ас. „Според мене да. Сигурен сум дека ќе освои уште многу големи титули во иднина и така ќе биде. Го има талентот на Федерер, физичката подготовка, сила и одлучност на Надал и еластичната и луда рехабилитација на Ѓоковиќ. Затоа сум сигурен дека може“, изјави Фоњини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

