Голема пофалба за Модриќ: Годините за него се само број, тој е врвен фудбалер

Лука Модриќ официјално дебитираше за Милан во неочекуваниот пораз од Кремоненсе, но и покрај лошиот настап на „росонерите“, Хрватот воодушеви со фантастичната игра.

За него пофални зборови имаше и легендата на италијанскиот фудбал, Кристиан Виери кој вели дека Милан завршил голема задача со ангажман на хрватскиот ас кој 15 години доминираше во Реал Мадрид.

„Го прашав својот пријател Баернард Коради, сегашниот асистент на Алегри во Милан каквов е Модриќ на тренинзите. Ми вели дека секоја топка ја додава со надворешниот дел од стапалото и тоа „без гледање“. Неверојатно. Милан стигна до огромно засилување со неговиот ангажман. Годините на тоа ниво не играаат улога“, изјави Виери.

Се вчитува...