Голема поплава во градот домаќин на Аргентина – Хрватска

Метеоролозите ептен ја утнаа работата кога станува збор за временската прогноза за градот Нижњи, каде в четврток ќе се одигра суперинтересниот дуел меѓу Агентина и Хрватска.

Прогнозите велеа дека во овие денови ќе преовладува сончево време, но денеска на Нижњи му се случи тотален потоп по поројните врнежи од дожд.

Луѓето почнаа да ги напуштаат своите автомобили и да ги оставаат на улиците, свесни дека не можат да продолжат да возат. Најголемото невреме се случуваше неколку часа пред пристигнувањето на хрватската репрезентација во Нижњи, а специјалните сили и пожарникарите веднаш излегле на улица за да го расчистат хаосот.

Се вчитува...