Голема промена: Финалето на ЛШ нема повеќе да почнува во 21 часот

УЕФА најави голема промена за финалето во Лигата на шампионите идната сезона. Најпрво финалето од среда беше поместено за сабота во 21:00 часот, а сега е планирана уште една измена.

Од идната 2026 година, финалниот натпревар нема повеќе да почнува во 21:00 часот, туку три часа порано, односно во 18:00 часот. Тоа е со цел да не трае предолго, но и поради ТВ преносите во другите континенти.

Финалето во 2026 година ќе се игра на стадионот „Ференц Пушкаш“ во Будимпешта.

Се вчитува...