Големата криза во Кливленд кавалирс во последните триесетина дена придонесе овој клуб да биде активен на пазарот, па дури и да се откаже од своето најзвучно летно засилување. Ајзеа Томас требаше да биде извонреден партнер на Леброн Џејмс, но откако повредите го спречија да влезе во ритам Томас експресно си замина од Кливленд и својата кариера ќе ја продолжи во дресот на ЛА лејкерс.
Од Кливленд во лејкерси заедно со Ајзеа се пресели и Ченинг Фрај, додека кавалирси за возврат ги добија Џордан Кларксон и Лери Ненс џуниор.
„Езерџиите“ со овој потег се ослободија од богатиот договор што го имаа со Кларксон, со што отворија простор за ангажман на суперѕвезда во текот на летото, при што најголеми шанси за трансфер му се даваат на Пол Џорџ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА