Голема шанса Ѓоковиќ да остане број 1: Алкараз повторно повреден

Карлос Алкараз се повлече од турнирот во Базел на кој следната недела требаше да игра како прв носител поради двете повреди кои ги заработи на турнирите во Кина.

Вториот тенисер во светот доживеа непријатни порази од Јаник Синер во полуфиналето во Пекинг и Григор Димитров во осминафиналето во Шангај, а дополнителните прегледи покажаа дека има воспаление на лигаментите на стапалата на левата нога, како и проблеми со долниот дел на грбот.

По поразот од Данил Медведев во полуфиналето на УС Опен, Алкараз најави дека до крајот на сезоната, покрај двата турнира во Кина, ќе настапи и на серијата 500 во Базел, на Мастерсот во Париз и на АТП финалето  во Торино, но во меѓувреме од календарот „испадна“ родниот град на Роџер Федерер.

Се вчитува...