Партизан направи од готово вересија откако по двете победи во Мадрид и водството од 2-0 во четвртфиналната серија на најтрофејниот клуб во Европа му дозволија да врати со два брејка во Белград и да обезбеди мајсторка на својот терен.
Кошаркарите на Жељко Обрадовиќ премногу грешеа во вчерашниот меч, а интересна ситуација се случи на крајот на првото полувреме кога Партизан и со шест играчи на терен не успеа да постигне поени против „кралот“.
Последниот напад од првото полувреме, во период кога гостите водеа со 45-42, екипата на Партизан на терен беше со шестмина кошаркари. Во игра, во последните две секунди беа: Матијас Лесор, Данило Анѓушиќ, Џејмс Нанали, Јам Мадар, Јанис Папапетру и Данте Ексум.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА