Голема тепачка меѓу кошаркарки по завршување на меч во Алабама (ВИДЕО)

Десет кошаркарки и уште две службени лица се суспендирани по тепачката која изби по завршувањето на мечот меѓу универзитетите Тексас Саутерн и Алабама Стејт, кој беше одигран во главниот град на Алабама, Монтгомери.

Натпреварот беше одигран во Југозападната конференција, а завршен е со победа на Тексас од 81-54. Официјалните лица суспендираа по пет кошаркарки на двата тима и уште две службени лица од домашниот тим. Кошаркарките ќе пропуштат неколку следни натпревари, додека службените лица се суспендирани на два меча. Инаку, ова не е прв инцидент во кој учествува тимот на Тексас. Пред пет години целиот универзитет доби суспензија поради низа на инциденти во кои учествуваа.

 

 

Се вчитува...