Голема тепачка на „Делии“ и „Гробари“ во Белград

Голема тепачка избила денеска во Белград меѓу организирани групи навивачи на Црвена звезда и Партизан, Делии и Гробари, во Нов Белград, објави српски „Телеграф“.

Тие се судриле околу 18 часот во Нов Белград, во пресрет на кошаркарскиот натпревар Партизан – Дубаи во плеј-офот на АБА лигата.

Тепачката се случила околу 18 часот и брзо била прекината со реакција на интервентната полиција, додека навивачите брзо се разотишле. Неколку навивачи бile приведени, а мнозинството од нив биле навивачи на Партизан.

Се вчитува...