Голема тепачка на дуелот Вориорс – Хјустон (ВИДЕО)

Четвртиот натпревар од плејоф серијата во НБА помеѓу Голден Стејт Вориорс и Хјустон Рокетс беше многу тензичен.

Вориорс поведоа со 3-1 во серијата, откако победија на свој паркет со 109-106, а мечот го одбележаа многу „валкани потези“. Во текот на втората четвртина на седум минути пред крајот на првото полувреме имаше „искри“ меѓу Стеф Кари и Дилон Брукс.

Канаѓанецот го фаулираше Кари, а кога можеше едноставно да се заврти и да се оддалечи, реши да му ја одземе топката од раце и тогаш се ескалира.

Во сето тоа се вклучи и Дрејмонд Грин, кој истрча да го заштити Кари, а се резултираше со тепачка и туркање. На крајот сите тројца добија техничка грешка.

Се вчитува...