Голема трагедија: 16-годишно девојче и 18-годишно момче загинаа на рели трка во Белгија

Двајца тинејџери загинаа во судир на белгискиот собир Кондро-Хуј во близина на градот Ванзе, кога еден од возачите излетал од патот и удрил во група гледачи.

Несреќата се случила кога Шкода Фабија, во која се наоѓал екипажот Емерик Рери и Фабрис Анри, излетала од патеката и влетала во група гледачи. Во несреќата загинаа 16-годишно девојче и 18-годишно момче, а повредени се уште 11 лица.

Никој од повредените не е во критична состојба. Возачот и сопатникот исто така се пренесени во болница, но не се сериозно повредени и допрва треба да бидат сослушани во полиција. Обвинителството ги истражува околностите на несреќата.

Возилото допрва треба да биде прегледано, но се претпоставува дека до несреќата дошло поради лошите временски услови и лизгавата површина.

 

Се вчитува...