Голема трагедија во Амстердам. Италијанскиот фудбалер Габриеле Галани, член на нисколигашот Траверстоло, починал во холандскиот град изминатиов викенд откако паднал и се удавил во еден од каналите на Амстердам.
24-годишниот фудбалер, кој минувал неколкудневен одмор со пријателите во Холандија, се удавил брзо откако бил забележан неговиот пад во водата во еден од каналите на градот. Нуркачи успеале да го пронајдат и извадат од водите, младиот Италијанец во критична состојба бил итно пренесен во болница со хеликоптер.
И покрај тоа што бил донесен жив во болницата, сепак починал неколку часа подоцна. Холандската полиција информираше дека покрената е истрага за смртта на Галани затоа што е нејасно како тој можел да падне во каналот и така лесно да се удави.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА