ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Како загина Феликс Баумгартнер? (ВИДЕО)

Австриски екстремен спортист Феликс Баумгартнер, познат низ целиот свет по своите историски скокови со падобран и рекорди што ги поместуваа човечките граници, почина на 56 години по несреќа во Италија. Баумгартнер го загуби животот во Порто Сант’Елпиди за време на лет со параглајдер.

Како што објавија бројни странски медиуми, тој се почувствувал лошо додека бил во воздух, и како резултат на тоа ја изгубил контролата врз леталото и паднал во базен во близина на крајбрежно одморалиште, во кое била повредена и една млада жена. Австриецот наводно починал на лице место, а споменатата жена не била сериозно повредена. Спасувачите се обиделе да го префрлат Баумгартнер во болницата во Анкона, но било предоцна. Неговото срце престанало да чука, пишуваат италијанските медиуми.

Најпознат по скоковите од стратосферата

Во текот на својата кариера, тој поставил 14 светски рекорди, бил првиот човек што го прелетал Ламанш со падобрански крилја и добил бројни престижни награди, вклучувајќи ја и наградата Лауреус за спортска акција на годината. На раката имал истетовирано „Роден да лета“ и го живеел тоа мото ден по ден.

Тој е познат по најголемиот скок со падобран во историјата. Скокнал од стратосферата.

Покрај скокањето, Баумгартнер бил и лиценциран пилот на хеликоптер, акропилот и телевизиска личност. Тој бил познат и по својата филозофија за живот без компромис, како и по својата работа во хуманитарни проекти, особено во рамките на фондацијата „Вингс фор лајф“, која промовира истражување на ‘рбетниот мозок.

Се вчитува...