Голема трагедија на фудбалската фешта во Дортмунд

Трагичен настан го одбележа фудбалскиот спектакл во Дортмунд во чест на Лукаш Пишчек и Лукаш Блашчиковски, откако едно лице го загуби животот на трибините на „Вестфален“.

„Тажна вест за еден така емотивен ден. За време на прошталниот меч, се случи медицински инцидент, на едно лице на трибините му се слошило, по што го загуби животот. Искрено сочувство до семејството, пријателите и роднините на починатиот. Нека почива во мир“, објави Борусија Дортмунд на своите профили на социјалните мрежи.

Над 81.000 навивачи ги наполнија трибините на стадионот за овој фудбалски спектакл на кој настапија бројни поранешни ѕвезди на „милионерите“, а на клупата на еден од тимовите седеше легендарниот Јирген Клоп.

Се вчитува...