Британските мотоциклисти Шејн Ричардсон и Овен Џенер ги загубија животите во страшна несреќа што се случи за време на втората трка од британскиот суперспорт шампионат во Оултон парк.
Големиот инцидент се случи во првиот свиок од првиот круг, а во него учествуваа вкупно единаесет возачи. Трката веднаш беше прекината, а остатокот од програмата беше откажан.
Од единаесетте возачи, тројца се здобиле со тешки повреди, а на повредите им подлегнале 29-годишниот Ричардсон и 21-годишната Џенер.
„Овен Џенер првично беше лекуван на патеката, а потоа однесен во медицински центар каде што, и покрај обидите да се оживее, почина од сериозна повреда на главата. Шејн Ричардсон исто така беше лекуван на патеката и однесен во медицински центар пред да биде пренесен во Универзитетската кралска болница Стоук поради сериозни повреди на градниот кош. Тој им подлегна на повредите пред да стигне во болница“, стои во соопштението од организаторот на трката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

