Најмалку четири лица загинаа, а седум се повредени во несреќата што се случи на унгарскиот рели „Естергом-Нјергес“.
Се уште не се познати точните околности на несреќата, а трката е прекината. На местото на настанот пристигнале неколку спасувачки хеликоптери. Унгарските медиуми јавуваат дека еден од учесниците на релито изгубил контрола над автомобилот и излетал од патот, по што удрил во група гледачи.
Според досегашните информации четири лица загинале, а седум се повредени, пишуваат на полицискиот сајт. Несреќата се случила за време на трка меѓу градовите Лабатлан и Бајо во северозападна Унгарија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА