Голема трагедија пред денешниот старт на новата сезона од Лигата на шампионите. Пред пресметката меѓу Милан и Ливерпул во Милано, навивач на англискиот тим загина во Бергамо откако го прегазил автомобил.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, на неколку часа пред натпреварот смртно настрадал навивач на Ливерпул кого во него го удрил автомобил на автопатот кон Милано.
Станува збор за 51-годишен човек кој го загубил животот кога се обидел да помине автопат кај Бергамо, град пред Милано, при што на него налетал автомобил. Заедно со него биле уште две лица, татко и син, но пред да дојде полицијата го оставиле пријателот и исчезнале од местото. Италијанската полиција трага по нив, како сведоци на настанот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА